Гарванлиев: Сонувам за дует со бугарски пејач (ВИДЕО)

„Не само што мислам, туку и сонувам дует со бугарски уметник“, изјави пејачот Васил Гарванлиев, кој ја претставуваше Македонија на годинашното издание на Евровизија, за БГНЕС.



Тој рече дека веќе преговара со неколку изведувачи меѓу кои и Викторија, бугарската претставничка на Евровизија.

„Ја почитувам бугарската музика, имате прекрасна традиција, прекрасни гласови. Исто така, постојат фантастични гласови во класичната музика…

Гарванлиев е оптимист во врска со односите меѓу Бугарија и Македонија: „Постојат негативни работи, но ајде да се фокусираме на добрите“.

За неговиот настап на Евровизија вели дека е многу задоволен, дека сакал да ја претстави Македонија во најдобра светлина и дека е горд на песната…