Меѓународниот печат е загрижен за исходот што следува по гласањето во македонскиот парламент, пренесуваат денеска грчки медиуми.



„Бариерите остануваат сé додека промена не биде официјализирана (име на името). Референдумот за договорот не успеа да го помине прагот 50 отсто, оставајќи го прашањето на парламентот во Скопје. Процесот на завршување на уставната ревизија е долг и бара неколку рунди гласање, овој петок беше само првата фаза. Процесот ќе биде завршен најдоцна до јануари“, пишува Ројтерс.

Оа е значаен чекор кон ставање крај на ќор-сокакот со Грција, оценува„Гардијан“.

„Добредојдовте во Северна Македонија: Парламентот гласаше за промена на името“, е насловот на написот во кој се вели дека обезбедувањето 2/3 мнозинство предизвика уставна ревизија што ќе го отклучи влезот на НАТО во НАТО.

И Гардијан истакнува дека завршувањето на уставната ревизија е долг процес и бара многу гласови.

„Телеграф“ го опишува исходот од гласањето како критична победа за Зоран Заев, но забележува дека се очекуваат идруги пречки.

Навистина, во една балканска земја со многу проблеми и со не толку силна култура на разбирање многу нешто да се случи. И никој не може да ги предвиди случувањата, особено ако има избори и Заев не успее да го потврди неговиот суверенитет. (…) поплаките во врска со мито, преземање на пратеници, стравот од епизоди дава загрижувачка позадина, но сè ќе зависи и од тоа какви ќе бидат следните две гласања.