Владимир Путин е втерен во во ќош во Украина и тој е подготвен да ја ескалира ситуацијата, можеби до работ на нуклеарна војна, наместо да го признае поразот, пиушува Гардијан.



Седум месеци откако Путин ја започна својата инвазија, руските трупи беа вратени назад во регионот Харков, а украинските сили напредуваат во Луганск и ги притискаат неговите војници и линиите за снабдување во Керсон.

Не е невозможно Русија да ги загуби териториите што ги држи од 2014 година, ако силите на Путин не можат да ја спречат контраофанзивата на Украина.

Соочувајќи се со понижување, Путин упати нова закана: одржување „референдуми“ во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон, што би можело да доведе до нивно анектирање на Русија до почетокот на следната недела.

Во умот на лидерот на Русија, тоа би ја претворило „специјалната воена операција“ во Украина во одбранбена војна во Русија, отворајќи ја можноста за целосна мобилизација, објавување војна, па дури и нуклеарен напад.