Британскиот премиер Борис Џонсон е обвинет за напад на Би-Би-Си во очајнички обид да остане на функцијата, откако стана јасно дека тој и неговиот тим редовно присуствувале на забави за време на локдауните во Британија, објави Гардијан.
Се вели дека голем број конзервативни пратеници се подготвени да побараат оставка на Џонсон, а се зборува дека биле пристигнати 35 од 54 барања потребни за иницирање гласање недоверба поради неговите „забави“ во владини објекти додека британската кралица Елизабета Втора ја оплакувала смртта на нејзиниот сопруг , Принцот Чарлс.
Додека Даунинг стрит се надева дека ќе се справи со кризата, министерката за култура Надин Дорис, една од најлојалните сојузници на Џонсон, потврди во неделата дека таксата за лиценца на Би-Би-Си ќе биде укината во 2027 година и дека финансирањето на медиумот ќе биде замрзнато во следните две години.
Иако овој потег ќе ја принуди корпорацијата да затвори одделенија и можеби да отпушти илјадници вработени, најверојатно ќе наиде на одобрување од членовите и поддржувачите на конзервативците, како и од десничарските медиуми кои сè уште не повикале Џонсон да си замине.
Други политичари тврдидека Џонсон ги напаѓа медиумите кои известуваат за неговите забави и дека акциите против Би-Би-Си се дел од неговите обиди да остане на функцијата.







