Ганка Цветанова бара манири од Стево Пендаровски

Ексминистерката за култура Ганка Цветанова го обвинува Стево Пендаровски за непочитување на Гордана Сиљановска Давкова и Блерим Река.



По дебатата на Сител на која Пендаровски беше крајно агресивен и не и дозволуваше да говори на Сиљановска, Цветанова бара коректност од кандидатот на СДСМ и ДУИ.

“Почитуван @SPendarovski, никој не смета дека на ТВ дебатите треба да ги штедите Вашите противкандидати, но кога спроти Вас седи една дама прфесорка @gogamkd и професор-интелектуалец @pr_blerimreka, не би било на одмет да демонстрирате повеќе почит и добри манири на однесување”,пишува Цветанова во објавата до Пендаровски.