„Њујорк тајмс“објави напис за најдобрите 9 фестивали во Европа, меѓу кои е вброена и „Галичка свадба“.
Галичник е опишан како мало место скриено во масивот „Бистра“, место каде што се одвива уникатно доживување „свадбен фестивал на селото“, кој годинава ќе се одржи од 13-15 јули.
„…се одржува за време на викендот кој е најблиску до 12 јули, на празникот Свети Петар, што го прославуваат православните христијани. Илјадници патници и сограѓани кои се враќаат ги исполнуваат инаку тивките куќи сместени на стрмните падини и ја збогатуваат тридневната веселба, обредите, поворките и ритуалите кои кулминираат со склучување брак на претходно избрана двојка со галички корени….“





