Израелската актерка Гал Гадот, која ќе го игра ликот на Клеопатра во најновиот филм за владетелката на Египет во првиот век пред нашата ера, им одговори на Египќаните, според кои улогата требало да ја добие арапска или африканска глумица.
„Доколку сакате да бидете верни на фактите тогаш едно е вистина – факт е дека Клеопатра била Македонка. Баравме македонска актерка која што би го толкувала ликот на Клеопатра, но не ја најдовме, а јас имам многу голема желба да го направам тоа, па така улогата ми ја доделија мене. Јас сакам да го славам наследството на Клеопатра и да ја испочитувам оваа неверојатна историска икона на која што толку многу ѝ се восхитувам“, изјави Гадот во интервју за Би-Би-Си.
„Имам пријатели од цел свет, без разлика дали се муслимани, христијани, католици или атеисти… Луѓето се луѓе, а јас својот лик сакам да го искористам за да го прославам наследството на Клеопатра“, нагласи таа.
Клеопатра е последната владетелка на Египет од птоломејската династија, основана од Птоломеј Први Сотер, македонски генерал и придружник на Александар Македонски. По нејзината смрт, Египет паѓа под власт на Римското царство.
За потеклото на Клеопатра околу 1:45 минути од почетокот на видеото:





