Словенечкиот аналитичар и професор по геополитика, Ларис Гajзер кој го потресе целиот Балкан кога ја откри аферата „Рекет“ преку серија текстови и снимки во весникот „Ла Верита“ за српкиот весник Ало тврди дека Боки 13 ќе открие мрачни тајни на Зоран Заев.
Аферата која ја почна Гајзер го доби својот епилог пред два дена, кога Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева беа осудени на девет и седум години затвор, соодветно, под обвинение дека земале 1,55 милиони евра од ноември 2018 до април 2019 година од Јордан Камчев, еден од најбогатите Македонци, за возврат да му ја „олеснат неговата позиција“ во случајот со Специјалното јавно обвинителство „Империја“ во кое беше првоосомничен, пишува Ало.
“Се надевам, како веројатно повеќето Македонци, дека оваа пресуда е само почеток. Мислам дека јасно докажав дека врвот на криминалната пирамида е политички, како и дека политичкиот врв тесно соработуваше со дел од судскиот систем. На крајот на краиштата, дури и јавното обвинителство го водеа истите луѓе што открив дека се поврзани со огромен мафијашки октопод развиен за време на владата на Зоран Заев. Сепак, не можеме да очекуваме виновниците сами себе да се осудат”, изјавил Гајзер за „АЛО!“.
На прашањето дали очекува нови обвиненија по пресудите против Боки 13 и Катица Јанев, тој одговори:
“Мислам дека сликата ќе се промени по изборите во Македонија, особено во случај ако Трамп победи со втор мандат. Во последните месеци Зоран Заев сакаше избори што е можно поскоро затоа што беше преплашен од можна казна. Може да дише малку сега, но по изјавите на Боки на суд (Боки 13 рече дека парите од рекетот треба да се бараат кај браќата Заеви), можеме да очекуваме почеток на вториот круг. Во променето политичко опкружување и во чист судски систем, сигурен сум дека Боки и Катица ќе најдат храброст да ја кажат целата вистина за многу тажен дел од македонската историја”.
Што се однесува до поранешниот премиер Зоран Заев, Гајзер вели дека Зоран Заев стана небитен во меѓународното опкружување во август минатата година.
“По речиси една година од моите текстови никој во светот не верува во неговата невиност. Според тоа, тој е бескорисен за вистинските политички играчи. За СДСМ е политичко самоубиство дури и ако уште го води како лидер на следните избори. Неговата присутност го осудува да биде поразен. Сето ова се добри аргументи во корист на ставот дека тој е минато во политичката арена, со или без продолжување на судската постапката”, вели Гајзер за “Ало“.




