На прашањето дали американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка ќе се повлече од договорот со владата затоа што гледа какви се реакциите во јавноста новинарот Љубомир Гајдов вели дека има начин како да се најде решение.
Доајенот на македонското новинарство Гајдов во емисијата Само вистина на Канал 5 вели дека ВМРО-ДПМНЕ која во минатото добро лобирала во Вашингтон сега треба да им објасни на конгресмените и сенаторите во Вашингтон дека скандалот Бехтел и Енка е брука за САД по што фирмата може да се повлече.
Бруката за САД е затоа што на своето лого Бехтел го има знамето на Америка, според Гајдов.
Во емисијата учествува и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој открива фрапантни детали од договорот кој може да ја стави Македонија во должничко ропство.
Емисијата на овој линк





