Црвенковски и Фрчкоски сакале да го тргнат Глигоров од политиката, тврди надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов.
Во врска со атентатот на екс-претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров тој објави шокантни детали за начинот на кој тогаш постапувал Љубомир Фрчкоски, како тогашен министер за внатрешни работи.
“Одма по атентатот,три истоветни телеграми дојдоа од Вашингтон од ЦИА, од Лондон и од Минхен.
Пишуваше„Ништо не пипајте, доаѓаат нашите експерти“.
Ама вашиот министер на полиција го однесе Мерцедесот во непознат правец,после 120 мин. Зошто, прашав јас наивно”, изјави Гајдов на промоцијата на најновата книга на Стојан Андов.
Целото видео на следниот ЛИНК





