Гафовите не запираат, нов дипломатски скандал на Пендаровски и МНР

Не запираат гафовите на македонската држава кон странски држави и дипломатски претставници.



Откако предходно во повеќе наврати и претседателот Пендаровски и владата предизвикаа тешки дипломатски инциденти со поставување погрешни знамиња и други протоколарни грешки сега и шефот на државата и МНР промашија презиме на странски амбасадор акредитиран во Македонија.

Според Пендаровски тој вчера ги примил акредитивните писма од новиот амбасадор на Казахстан во Македонија со име
Жанибек Абдрашев.

Според официјалниот сајт на МНР министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги примил копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Казахстан во Република Северна Македонија, со седиште во Будимпешта, Жанибек Абдрашо.

Грешка и тежок дипломатски гаф со погрешно објавено име направиле и Пендаровски и МНР затоа што амбасадорот не е ниту Абдрашев ниту Абдрашо туку Абдрашов.

На Пендаровски и Османи или луѓето задолжени од нив им било тешко да потрошат 2 минути на интернет за да видат како е точно името и презимето на амбасадорот кого го примаат и да избегнат дипломатски скандал кој покажува во каква несериозна земја се претвори Македонија.

Во дипломатските кругови голема навреда се смета и еднаш згрешено име на странски дипломат во јавна или приватна комуникација.

Два пати згрешено име со две различни верзии на име на дипломат од две државни институции не се помни во историјата на модерната европска дипломатија, велат искусни дипломати во врска со најновиот гаф на Пендаровски и Османи кој да биде гафот уште посмешен на својот твитер профил го погодил името на амбасадорот.

Овој гаф не е прв особено за Пендаровски

Втор гаф на Пендаровски за еден ден, грешката повторена