Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ги измеша лончињата во Европскиот парламент во однос на Александар Лукашенко.
„Лукашенко не е легитимен претседател на Украина за нас“, порача Борел од говорницата, пред да му биде укажано дека станува збор за претседателот на Белорусија, а не на Украина.
„Се извинувам. На што ли помислив?“, рече Шпанецот потоа.






