Гачевски: Каде сте сите вардарци што се удирате во гради, а ве нема никаде?

Голманот на Вардар, Филип Гачевски, им се обрати на сите што се претставуваат како навивачи на најтрофејниот и најпопуларен фудбалски клуб во Македонија, а сè уште не купиле сезонски билет за претстојното враќање на „црвено-црните“ во Првата македонска лига.



Каде сте сите Вардарци што се удирате во гради а ве нема никаде. Каде сте легенди на клубот кои викате дека многу го сакате, а ве нема никаде?! Каде сте бивши фудбалери и тренери? Нели и вие го сакате Вардар како што зборите само на уста, а тешко ви е да купите еден сезонски билет за клубот кој ве створил?! Каде сте хејтери што седите дома и пишувате коментари, а немате срце да одвоите 1.000 денари за Вардар. Каде сте големи газди, фирми, компании, дијаспора?

Жално… Жално да не можеме да го наполниме Градски стадион како што доликува на најголемиот бренд во Македонија. Голема срамота!

Кога би се одвивала ваква акција во клубови како Звезда, Партизан, Хајдук, Динамо, можеме да замислиме каков би бил одзивот. А Вардар не е ништо помал клуб од нив, но за жал тука кај нас има многу луѓе кои се удираат во гради и кажуваат приказни, а ги нема никаде кога треба да се покажат на дело.

На крајот една благодарност до навивачка група ‘Комити’! Едeн живот една љубов!“, напиша Гачевски на Фејсбук.