Позицицијата на Бугарија кон Макеоднија е много јасна – да се исполнат обврските договорени и прифатени во јули 2022 година, изјави бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел, пренесува МИА.



„Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, да потсетува дека стоиме зад исполнувањето на сите услови поврзани со компромисот од јули 2022 година, јасно да се спротивставиме на обидите за лажни информации и дезинформации дека Бугарија има нови услови, а во меѓувреме јасно да опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет“, рече Габриел во одговор на пратеничко прашање во бугарското Собрание.

„Сакаме многу јасно да покажеме пред РСМ дека само кога ќе ги исполнат обврските што самите се согласиле да ги исполнат, тогаш евроинтеграциите веќе нема да бидат сон“, додаде Габриел.