Габриел Бајрам заработи притвор – ама не за крадење струја туку за тепање на шанкер

Откако македонската јавност се прашуваше кој е дрскиот насилник кој заедно со својот син тепал шанкер бидејќи не му дозволил да крши чаши и чинии во кафеана, а за тоа претходно извести обвинителството, соопштението на МВР ги расчисти дилемите.



Станува збор за Габриел Бајрам, син на починатиот Амди Бајрам и советни во Град Скопје, на кого му е изречена мерка притвор, како што веќе соопшти обвинителството.

„Денеска (30.07.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Г.Б.(40) и В.Б.(21), за сторено кривично дело „насилство“, по чл.386 од Кривичниот законик.

Тие на 28.07.2022 околу 23.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Чаир физички нападнале едно лице вработено таму и оштетиле дел од инвентарот во објектот.

Лицата се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на Г.Б. му е изречена мерка притвор, а на В.Б. му се изречени мерки на безбедност“, се вели во соопштението од МВР.