Германија не се согласува земјите од Г-7 да го конфискуваат имотот на Русија и да го предадат на Киев за обнова на земјата.
Зборувајќи на крајот од конференцијата на министрите за надворешни работи на Г7, министерката Аналена Бурбок рече дека има многу проблеми со таквиот пристап.
„Добивањето пристап до замрзнатите пари е легално, но не е лесно“, рече таа. Таа истакна дека може да има добри причини за обид за вакво дело, но тие мора да се усогласат со законот.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба кој исто така учествувашена средбата пак ја актуелизираше темата:
„Зборуваме за стотици милиони долари во Европа“, рече тој, нагласувајќи дека Русија мора да биде принудена да плати за војната не само политички или економски, туку и финансиски.







