Откако српкиот патријарх Порфириј обзнани дека Српската црква ја прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА, свој говор одржа и г.г. Стефан, поглаварот на нашата црква.
Има се заблагодари од името на архиереите, монаштвото и верниот народ на МПЦ-ОА.



Патријархот Порфириуј упати томос за автокефалност на МПЦ-ОА во Вселенската патријаршија

„Како да го разбереме ова денешно собрание, ако не со случувањата на воскресението. Црквата од секогаш била една и единствена, обединета од духот свет. Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија.Тие наши претци се радуваат заедно со нас.

Верувам дека деновиве конечно се радосни сите што сакаа да ја видат возобноввена Охридскаата Архиепископија.
Неодамна во Белград воскликна радоста и овде во Македонија и таму во Србија. Гласно се слушна воздишката на олеснување на братското помирување.

Примено е нашето писмо од Вселенската патријаршија, па на Духовден ќе сослужуваме во Фанар, во храмот на Светата Патријаршија-заклучи г.г. Стефан.