ФЗОМ: Податоците на здравствените осигуреници не се украдени

Од Фондот за здравствено осигурување, кој 11 ден е под хакерки напад, велат дека при сајбер нападот немаше излевање на податоци надвор од базите на Фондот.



Хакери бараат откуп за да ги вратат податоците во ФЗОМ

„Тоа го потврди анализата на експертските технички тимови. Оттука, децидни сме дека, податоците на корисниците на здравствени услуги вклучително и личните податоци се безбедни и заштитени и нема неовластено преземање на личните податоци“, велат од ФЗОМ.

Според нив податоците на граѓаните не се украдени и уверува дека здравствените и личните податоци на граѓаните се целосно безбедни.

Во моментов, како што велат оттаму, апликативните решенија/софтверот и базите на податоци се изолирани од делот на системот којшто беше предмет на напад и се финализираат сите активности за прочистување и проверка на целокупниот систем на Фондот за Здравство за да се обезбедат услови за повторно вклучување во нормален режим на работа.

Нагласуваат дека со помош на тим од локални и странски експерти се работи на рестартирање на системот со цел негово враќање во првобитната форма.