ФЗО вработува раководители Албанци во Берово, Гевгелија…

Фондот за здравствено осигурување објавува оглас за вработување на вкупно 13 административци за своите подрачни канцеларии и во централата во Скопје.



Вработените ќе земаат плата до 32800 денари.

Она што е невообичаено е дека за некои од подрачните канцелариите се бараат нововработени раководители Албанци иако во локалното население воопшто нема Албанци.

Во групата од 13 нови бирократи што ги вработува ФЗО нема ниту едно медицинско лице.

Според огласот со оглед на тоа што се работи за нови вработувања не се врши трансфер на таканаречени “Рамковно вработени” Албанци какви што 13 луѓе беа вработени во Штип пред неколку дена , туку за нови луѓе кои со вработувањето веднаш ќе станат раководители.

Во огласот за Берово на пример се бара Албанец кој ќе заработува речиси 30 илјади денари и кој активно треба зборува македонски јазик и еден од трите најкористени светски јазици но не се бара да зборува и албански јазик што укажува дека е можно да се повтори ситуацијата Македонци да се пријават како Албанци за да се вработат во администрацијата.

Цел оглас за Берово:

ФЗО0102Б03001 Раководител на подрачна служба Берово(1) извршител(и)
Општи услови
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место,
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, организациски науки и управување (менаџмент)
– најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни
– раководење и
– финансиско управување
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– потврда за положен испит за административно управување
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 07:30 до 15:30
– Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 29.743,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год. се : Албанец(ка) 1.

Линк до сите огласи

https://www.vrabotuvanje.com.mk/Vest/10868/PLATI-do-32854-denari-Fond-za-zdravstveno-osiguruvanje-vrabotuva-13-sluzhbenici/77/

Македонска приказна од соништата https://www.expres.mk/makedonka-na-majchin-makedonski-jazik-vo-noviot-blokbaster-na-marvel-crna-vdovica-video/