Фондот за здравствено осигурување пред четири дена објави јавен конкурс за вработување на советник за административна поддршка на директорот на институцијата.
Во посебните услови кои треба да ги понуди кандидатот, е наведено дека треба да поседува „ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент)“.
Согласно годишниот план на институцијата за 2020 година, пак, предвидено е вработување на еден Албанец или Албанка. Платата изнесува 34.448,00 денари, објави Денешен.
На социјални мрежи веќе има реакци дека работното место е веќе пополнето…







