Фуркан Салиу: Браво ВМРО-ДПМНЕ, браво Мицкоски

По вчерашната изјава на професорот Гордан Калајџиев кој објави дека СЈО како проект се распаѓа а сите премети можат да пропаднат, новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу им честита на опозицијата и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.



“Браво @VMRO_DPMNE
Браво @MickoskiHM
Успеавте!

Радувај се @GruevskiNikola , се враќаш дома, можеби и како херој, а и ништо чудно на аеродром да те пречека @Zoran_Zaev, пишува Салиу кој важи за остар критичар на владата на Никола Груевски.