На денешното судско рочиште за убиството на Пино Секондо, сведочеше девојка која истакна дека осомничените Фуркан Али и Ангела Ѓорѓиевска и признале дека извршиле убиство.
Сведокот, Анета Георгиева, појасни дека осомничените во декември 2018 година, дошле кај неа дома во 6 часот наутро.
„Фуркан ми рече дека убиле човек, а кога ја погледнав Ангела таа рече „да“, сведочеше девојката..
„Дојдоа кај мене во 6 часот утрото, Фуркан Али и Ангела, а јас се разлутив што ме будат толку рано. По одредено време, Фуркан ми рече: Убивме човек. Ја погледнав Ангела, а таа потврди. Ги прашав дали се озбилни а тие рекоа „да“ и ја сменија темата“, раскажувал сведокот Анета, според која Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и и не делувале воопшто потресени кога биле кај неа.
Дваесет и шестгодишниот Пино беше убиен на 11 декември минатата година.





