Женската ракометна репрезентација стартуваше со уверлив триумф од 24:17 над Исланд на квалификацискиот турнир од втората група во Скопје за Светското првенство во Шпанија што ќе се одржи во декември годинава.
Сара Ристовска со 11 гола беше играч на натпреварот во арената „Борис Трајковски“, Елена Ѓорѓиевска во листата на стрелците се запиша 7 пати, а Леонида Гичевска постигна 5 погодоци.
Утре од 17:45 часот избраничките на селекторот Симе Симовски ќе играат со Литванија, а задутре во истиот термин со Грција.
Двете првопласирани селекции во групата ќе изборат учество во баражот во втората половина на јуни.






