Функционерката на СДСМ која ќе решава за 50 милиони евра во скандалот Митилинеос, е веќе казнета за корупција од страна на Државната комисија за спречување на корупција за незаконско постапување, односно корупција.
Минатата недела во текот на расправата во Собранието за скандалот вреден 2 милијарди евра, техничкиот спикер на Собранието Јован Митревски ги извести пратениците дека нов претседател на државната Комисија за заштита од конкуренција е Ана Николовска од СДСМ.
Митревски кој е од Струга не кажа дека Николоска е негова блиска сопартијка од Охрид, со која учествува на партиски настани на СДСМ и која како шеф на телото ќе решава дали договорот на владата со грчкиот Митилинеос го прекршува законот за конкуренција, односно дали државната помош од 50 милиони евра е законска.

Николоска доаѓа на важната позиција на местото на професорот Владимир Наумовски кој според се уште официјално непотврдени информации не сакал да даде дозвола за скандалозната државна помош за Митилинеос и затоа досега овој проект не бил предложен до парламентот.
Извори во СДСМ велат дека воопшто не е случајност што Ана Николоска токму сега е именувана за претседателка на комисија за заштита од конкуренција, токму кога треба да даде мислење дека е во ред на Грците да им се дадат 50 милиони државна помош.
,,Ако се било чисто и согласно законот Наумовски ќе прифатеше и законот ќе се донесеш предходно но тоа не се случи се додека Николоска не дојде за претседателка на комисијата која ќе решава прво за 50 милиони евра државна помош а консекутивно и за 2 милијарди народни пари кои ќе завршат кај Грците но и кај некои наши функционери”, сметаат луѓе од Бихаќка упатени во скандалот.
За разлика од претходниот претседател на комисијата Владимир Наумовски кој има импресивна биографија, Николоска е ,,табула раса” и има скромни познавања на конкретната проблематика, што е проблем за Македонија, но е предност за тие што ја тераат да се потпише на позитивно мислење за скандалот вреден до 2 милијарди евра.
Новата претседателка на Комисијата за заштита на конкуренција има прилично тенка биографија, а дипломирала на приватниот факултет ФОН.
Во времето кога станала член на го пријавила имотот па ДКСК прекршочно ја казнил.
А казнета е затоа што од 2019 купила два стана еден во Скопје и еден во Охрид кои не ги пријавила во имотниот лист.

Случајот е затворен откако Николоска платила парична казна.

И покрај тоа што е казнета од Антикорупциската комисија, Николоска во пресудни моменти станува претседателка на комисијата за заштита од конкуренцијата токму во моментите кога се носи одлука за скандалот вреден 2 милијарди евра.
Зошто се случува ова читателите можат и самите да претпостават.
Поврзана вест
Група од 14 Македонци во битка за спречување кражба од 2 милијарди евра од граѓаните





