Функционерка потрошила буџетски пари како да изела 200 порции ,,увијачи” (ФОТО)

Екс претседавачот на Советот на град Скопје Љубица Јанчева потпишала дека за една репрезентација потрошила речиси 700 евра, покажува документ од архивата на град Скопје.



Според документот кој се појави во јавноста Јанчева потрошила 39,700 на 22 октомври минатата година а извештајот е заведен на два дена пред изборите.

Според приложената сума Јанчева, ако се нарачувало скромно, можела во кафеана да плати ручек за 80 души затоа што во просечна кафеана нормален човек може со салата и сокче да јаде за 500 денари.

Кои се луѓето кои се офајдиле од репрезентацијата на Советот на град Скопје не пишува во извештајот.

Јанчева која е од Струмица а од СДСМ е избрана за претседателка на Советот на Град Скопје во 2017 година тогаш беше поддржана од 26 советници од вкупно присутни 44.

Таа при преземањето на функцијата вети конструктивност и кооперативност во работата на Советот и транспарентно работење. Тогаш потенцираше дека како мнозинство во Советот максимално ќе се трудат да бидат сервис на граѓаните, поддржани со градската администрација, и да одговорат на сите барања на граѓаните и на сите проекти кои ги ветиле.

За што точно потрошила во еден ден речиси 40 илјади денари засега е непознато иако таа за трошокот доставила и соодветна сметка.

Во нормална кафеана во Скопје за тие пари може да се добијат околу 200 порции увијачи или 150 плескавици и исто толку сокови.