Функционерите Албанци синхронизирано се жалат од албанофобија

Кога САД решија да ги зграпчат конците во свои раце, кога почнаа да се редат имиња на функционери од ДУИ во „црната листа“ на Вашингтон, кога почувствуваа дека им гори под нозете и дека се во тесно, функционерите Албанци и министри во земјава започнаа синхронизирано да се жалат дека се соочуваат со албанофобија и со антиалбанство во Македонија. Вакви се коментарите на аналитичарите и комуниколозите , анализира порталот Плусинфо.
Во последните јавни настапи на министерот за надворешни работи Бујар Османи и на првиот вицепремиер Артан Груби, се забележува дека речиси на секое новинарско прашање поврзано со некој скандал во кој е инволвиран некој функционер Албанец, одговараат со обвинување дека се работи за класична албанофобија.
И албанските и македонските политичари во земјава треба да разберат дека извршувањето на политичката функција не ги ослободува од одговорност доколку истовремено се заплеткани во криминал и во корупција, порачува универзитетскиот професор Јове Кекеновски.
Сега кога се вклучија САД на кои не им е важно дали некој е Албанец, Македонец, Ром или Влав, функционерите Албанци почнаа да плачат и да се жалат дека постои албанофобија во земјава.



– Не е точно дека постои албанофобија и тоа им е само параван за да се сокријат и да останат неказнети. Во реалноста, како што во моментов стојат работите, Македонците се граѓани од втор ред. Видете само што се случува со пропорционалната застапеност, која е крајно вулгаризирана и злоупотребена. И на тоа не реагира народниот правобранител. Онаму каде што има раководител Албанец, таму има најмалку 70 отсто Албанци од вкупниот број вработени. Значи, не постои никаква пропорционална застапеност, туку класична доминација на малцинството над мнозинството, да не речам – тиранија. Не може ова повеќе да се толерира – изјави професорот.
На прашањето дали обвинувањата за албанофобија можат да ја загреат меѓуетничката нетрпеливост, Кекеновски потсетува дека земјава е членка на НАТО и дека странците нема да дозволат ескалација.

– Која е таа странска држава која би поддржала бунт во друга држава поради тоа што некој треба да одговара поради тоа што крадел?! – заклучи Кекеновски.
Извор : https://plusinfo.mk/da-im-rechesh-dobro-utro-e-te-obvinat-za-albanofobi-a-funkcionerite-albanci-bez-sram-glumat-zhrtvi-sre-a-shto-niko-ne-im-veruva/