Функционери на СДСМ си подаруваат музички албуми

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска објави дека со своите партиски колеги – функционери си разменува музички албуми.



“Со задоволство ќе уживам во албумот “Underground evergreens” на нашата музичка група Суперхикс, што ми го испрати Петре Шилегов во рамки на #ЛокаленМузичкиПредизвик.
Го проширувам кругот подарувајќи им музички изданија во домашна продукција на Мила Царовска, Дамјан Манчевски и Јана Белчева, со предизвик и тие да го прошират кругот.
На тој начин изразувам поддршка во овие корона времиња за нашите музичари и домашната музика!”, пишува Шеќеринска на Фејсбук објавувајќи фотографија на која позира со грамофонска плоча.