Неколкумина функционери последниве денови најдоа време да излезат и да чистат улици. Од градоначалници до вицепремиери се фотографираа со машинеријата на Комунална хигина.
Последен беше Артан Груби кој го чистеше дворот на џамијата во Чаршија.
Груби зеде и црево за да чисти.
Директорот на Комунална хигиена не кажува кој ќе биде следниот функционер кој ќе ги чисти улиците, туку само истакна дека ова се прави заради подигање на свеста кај граѓаните за чување на животната средина, јавува ТВ21







