Беким Незири, актуелен претседател на огранокот на ДУИ во Чаир и поранешен министер за економија, вработен како како советник во М-НАВ е „првоосомничен“ за вчерашниот упад и тепачка во просториите на Македонска навигација, објави Република.
Незири, со картичка пропуштил седум луѓе кои не биле вработени во контролата и каде за невработени е невозможно да се влезе беа безбедносни проверки и посебни дозволи за влез.
Покрај Незири, главен „тепач“ бил зетот на Фатон Ахмети. Ахмети е генерален сектетар во ДУИ, а неговиот зет е полицаец од Тетово.
Полицаецот во просториите на М-НАВ го натепал братот на Башким Хасани.
Хасани беше поранешен заменик на одбрана но откако стана дел од фракцијата на Изет Меџити го разрешија.
Полицијата соопшти дека 4 лица биле повикани на разговор во станица, а според информациите меѓу повиканите бил и партискиот функционер на ДУИ Беким Незири кој бил повикан во полициска станица во Автокоманда, општина Гази Баба.
По уште 4 лица кои упаднаа во МНАВ се трага.
„Полициската истрага во моментот се води за кривично дело „насилство“, но насилниците кои упаднаа во зградата на Контролата на летање со помош на советникот на директорот и функционер на ДУИ Беким Незири на тој начин можеле да влијаат и на безбедноста на воздушниот сообраќај.
За такви активности е предвидено и кривично дело со сериозни казни“, пишува Телма.






