Функционер во Владата е администратор на ФБ-страницата на Левица

По обидот за пуч во политичката партија Левица, членот на Президиумот, Димитар Апасиев, обелоденува дека Бранимир Јовановиќ, советник на министерот за финансии во Владата сочинета од коалициските партнери СДСМ и ДУИ, бил назначен за администратор на Фејсбук-страницата на партијата.



„Советникот на Министерот за финансии во ВЛАДАТА НА СДС поставен за нов админ на украдениот фб пејџ на Левица <3
p.s. Сега дали ви е појасно како е оркестрирана и водена владината кампања за смислен ПУЧ во Левица и чиј приврзок е Здравко Савески?
Среќа што дејствувавме навремено, па успеавме да ја спасиме Партијата од четвртиот обид за преземање“, вели Димитар Апасиев на својот ФБ профил.