Функционер на СДСМ го поддржа насилството на Адеми и ,,кршење раце и нозе”

Актерот Сашо С. Ристовски кој беше поставен од СДСМ за директор на Театар на комедија а подоцна сменет поради неправилности во работата вчера објави јавна поддршка за насилството во Собранието од страна на пратеникот на ДУИ Арбер Адеми.



Според податоците на неговата страница на Фејсбук тој е вработен во Театарот Комедија, во Владата на РМ и во Социјалдемократскиот сојуз.

На пост на државниот секретар во министерството за култура Азири кој искажа солидарност со Адеми, го нападна пратеникот Милошоски, и се закани со кршење на раце и нозе на сите што ги понижуваат Албанците, Ристовски даде поддршка за насилството во парламентот.

,,Алал да му е”, напиша Ристовски на коментарот на Азири со поддршка за Адеми, во кој се заканува со физички насилство и тортура врз политички противници.

СДСМ денеска не се огради од поддршката за насилство од страна на својот функционер.

Ристовски на социјалните мрежи постојано ја промовира СДСМ, пред дваесетина дена ја промовирал и фондацијата на Вице и Зоран Заев но досега не искажал поддршка за политичко насилство.