Тетовскиот советник на Демократската унија за интеграција во општина Тетово, Авни Руфати, поднесе оставка од партијата, преку порака упатена до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој му се обрати на партискиот лидер Ахмети, известувајќи го дека тој и неговата партија ги тераат луѓето кои даваат се од себе да си заминат од оваа земја. Според Руфат, владејачката партија и нејзините водачи ја убиваат надежта на младите во оваа земја.
„Му се обраќам на почитуваниот Али Ахмети!
Навистина во сите болни работи што ги има оваа земја, ние се обидуваме со сите сили да останеме, а не да заминеме!
Доаѓа моментот кога вие ги принудувате луѓето, јас и многу други, да бараме подобар живот на друго место.
Го правите невозможното за да не избркате одовде, убивајќи ја и малата нишка надеж што ни остана во оваа земја! Благодарам ДУИ “, напиша Авни Руфати, општински советник во пораката до ДУИ.






