Функцијата на Груби во Владата дефинирана „само“ со 12 збора

„Прв заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите“.



Ова е дефиницијата на функцијата на Артан Груби во новата влада на Зоран Заев според измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Владата, усовени на нејзината втора седница.

„Предвидено е Претседателот на Владата да го заменува Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш Претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи.

Според дополнувањата, на Претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности му помагаат Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на Претседателот на Владата.

Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на Претседателот на Владата се грижат за извршување на работите од надлежност на Владата по одделни прашања за кои ќе ги овласти Претседателот на Владата.

Првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на Претседателот на Владата го известуваат Претседателот на Владата за извршување и спроведување на работите“, објаснуваат од Владата.