Поранешниот
амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, смета дека изјавата на Хан за
подготвителната фаза на преговори, претставува компромис со оние кои се против
проширувањето на ЕУ.
„Разочарувачки е што Европската Комисија не ги почитуваше роковите за извештаите за напредокот, што требаше да се објават неделава. Мислам дека ова е стратешка грешка. Знаеме зошто го направија тоа, но што повеќе правите компромис толку повеќе креирате двосмисленост и толку повеќе ја играте играта на оние кои не сакаат повеќе проширување, смета екс-амбасадорот кој се надева дека нема да има одлагање на одлуката за давање датум за преговори во јуни.
Извор: Нова Македонија





