Поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава, Ерван Фуере смета дека Македонија не може да очекува датум од Европската Унија пред јуни. вели
Во интервју за Телевизија 24 и на прашањето кои треба да бидат очекувањата на Македонија од од следниот Европски совет на 26 и 27 март, Фуере вели дека „тајмингот е проблем’.
„Вториот дел од локалните икзбори во Франција е во втората половина на март, односно неколку дена пред Европскиот совет. Според мене тоа е пребрзо.
Сметам дека најдобра шанса е за одлука од Европскиот совет ќе биде во јуни по самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 6-ти април во Загреб“, рече Фуере.





