Поранешниот амабасадор на ЕУ во Македонија Ерван Фуере посочи дека секоја легислатива што се однесува на правата на етничките заедници е мошне чувствителена, како што е и Законот за јазиците, оттаму важноста внимателно да се пристапува кон препораките на Венецијанската комисија, со цел тоа прашање да не стане предмет на поделби внатре во земјата, особено во овој миг кога сите активности се насочени кон подготовки за почеток на претпристапните преговори.



„Уште еднаш би препорачал внимателно да се разгледаат препораките на Венецијанската комисија, тоа е тело што има соодветни познавања и кредибилитет што треба да се почитуваат“, рече Фуере.