Вкупна премија од 4,2 милиони евра одреди Управниот одбор на Фудбалската репрезентација на Македонија за историскиот пласман на македонската репрезентација на Европското првенство.



Фудбалерите и Стручниот штаб на националниот тим за изборениот настап на еврошампионатите се наградени со 3,2 милиони евра, а преостанатиот милион е за освоеното прво место во дивизијата Д од Лигата на нациите.

Репрезентативците и водството на репрезентацијата веќе ги инкасираа наведените еден милион евра, а останатите пари ќе им бидат исплатени до крајот на годинава врз основа на критериуми одредени од директорот на А-тимот, селекторот и капитенот, соопштија од ФФМ.