Висока американска делегација се сретна со највисоките владини претставници во Венецуела, додека светот бара алтернативни добавувачи да ја заменат руската нафта доколку западните санкции кон Москва бидат заострени по нејзината инвазија на Украина.
Хуан Гонзалес, највисокиот функционер на Белата куќа за Латинска Америка, во саботата беше во Каракас на средби со владата на претседателот Николас Мадуро, а и други извори потврдија дека висока американска делегација била во Каракас,објави „Finacial Times.
Oвa претставува голема промена на политиката, бидејќи САД ги прекинаа дипломатските односи со Мадуро во 2019 година и ја затворија својата амбасада, обвинувајќи го за кражба на претседателските избори претходната година.
Венецуела има најголеми резерви на нафта во светот и порано беше главен извозник, но нејзиното производство падна во последниве години од речиси 3 милиони барели дневно на помалку од 1 милион поради лошото управување и санкциите.
Нема официјална потврда од САД за посетата на високо ниво, за која првпат беше објавена од Њујорк Тајмс, но податоците од веб-страницата за следење летови ADS-B Exchange покажаа дека авион го напушта аеродромот во Вашингтон и полета за Каракас преку Мајами во саботата. Во моментов нема комерцијални летови од САД до Венецуела.
Мадуро беше близок сојузник на Русија, а заменик-министерот за надворешни работи на Москва, Јуриј Борисов, го посети Каракас само неколку дена пред Русија да ја нападне Украина.
Експерти велат дека американските власти гледаат можност да ги ублажат долгогодишните санкции за венецуелската нафта и да го натераат Мадуро да се оддалечи од прегратката на Москва во време кога загриженоста за глобалното снабдување со нафта е на врвот.
„Мислам дека е очекувано, дури и предвидливо, администрацијата на Бајден да се обиде да ги смири работите со Венецуела и Иран со оглед на кризата во снабдувањето со енергија предизвикана од руската инвазија на Украина“, рече Франциско Родригез, соработник во Советот за надворешни односи и долгогодишен критичар на американските нафтени санкции кон Венецуела.
„Постои, во принцип, можен договор што би можел значително да го зголеми производството на нафта во Венецуела на среден рок, доколку санкциите бидат укинати и Мадуро да им дозволи на западните нафтени компании да управуваат со нафтените полиња.
Вашингтон воведе строги санкции за венецуелската нафта од 2019 година во обид да го принуди Мадуро да се повлече.
Во потег без преседан, САД го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела наместо Мадуро и убеди околу 60 други нации да го следат примерот.
Санкциите ја уништија економијата на Венецуела, но Мадуро ја заостри контролата на власта и преживеа со поддршката на Куба, Русија и Кина.
Во меѓувреме, Гуаидо го загуби теренот и неволно ги прифати политичките преговори со владата на Мадуро во Мексико минатата година. Венецуела потоа ги напушти разговорите.







