Дописникот на Фајненшл Тајмс од Москва, ги цитиразборовите на високиот руски воен командант Рустам Минекаев, кој сугерира дека целите на руската инвазија на Украина се пошироки отколку што се мислеше.
Минекаев рече дека „една од задачите на руската армија е да воспостави целосна контрола над Донбас и јужна Украина“, по што ќе може „да воспостави копнен коридор кон Крим“, пренесува Индекс.хр.
Рускиот командант додаде дека контролата на јужна Украина „ќе отвори друг пат за Придњестровје“, каде што „исто така има случаи на угнетување на населението што зборува руски“.
Дали се подготвува напад на Одеса?
Тоа сугерира дека Русите подготвуваат напад на Одеса, објасни Седон.
Придњестровје е самопрогласен проруски регион на Молдавија, кој меѓународната заедница го смета за дел од поранешната советска република. Официјалната валута во Приднестровје е рубљата, во неа е сместена руската армија и географски се наоѓа во близина на Одеса, важно украинско пристаниште.






