Киев е обвинет дека „отворено лаже“ за неодамнешната ракета што ја погоди Полска при што загинаа двајца цивили, пишува „Фајненшл тајмс“ цитирајќи неименуван дипломат од земја на НАТО.
„Ова станува смешно“, изјави функционерот за весникот во средата. „Украинците ја уништуваат нашата доверба во нив. Никој не ја обвинува Украина и отворено лажат. Ова е подеструктивно од проектилот“, рече тој.
Коментарот е одговор на претседателот Владимир Зеленски кој тврдеше дека Украина нема никаква врска со проектилот што го погоди Пржеводов, Полска, во вторникот, инсистирајќи дека Русија го лансирала оружјето.
Украина побрза да ја префрли вината на Москва, додека руското Министерство за одбрана изјави дека снимката од локацијата покажува „елементи на ракета од системот за противвоздушна одбрана С-300 што се користи од воздухопловните сили на Украина“.







