FT: Борисов со Македонија го става во опасност европскиот проект

Во опширна анализа влијателниот весник Financial Times пишува за тешките моменти на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој е под притисок за огромното ниво на корупција, заробената држава Бугарија но и за ветото за Македонија.



“Политичките потешкотии на г. Борисов, исто така, будат тешки прашања за Брисел и другите земји на ЕУ. Критичарите велат дека не успеале да извршат доволен притисок врз Софија за подобрување на управувањето. Тензиите дополнително се зголемија во последните неколку недели, бидејќи Бугарија го блокираше отворањето на разговорите за влез на Македонија во ЕУ, зголемувајќи ги стравувањата дека може да им се придружи на Унгарија и Полска во нивните чести битки со Брисел и со земјите-членки”, пишува ФТ.

Во меѓувреме, пишува весникот, владата на Борисов исто така е под притисок поради неодамнешното спротивставување на започнувањето на разговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ.

„Тие сметаа дека г-дин Борисов ќе го забрза овој процес“, вели Весела Чернева, директор на канцеларијата на Европскиот совет за надворешни односи во Бугарија но според неа „Ова го става во опасност европскиот проект на досега невиден начин“.