Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на партијата, дознава Телма од висок функционер на партијата.



Досега кандидатура за наследник на Заев на чело на партијата поднесе и заменик министерот за финансии  Димитар Ковачевски.

Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.

Рокот за поднесување кандидатури истекува во петок.