Фрлена бомба во дворот на синот на Амди Бајрам

Габриел Бајрам, инаку син на Амди Бајрам ноќеска пријавил во полиција дека му била фрлена бомба во дворот на семејната куќа. Според полицијата нема повредени луѓе, но има материјална штета врз објектот.



-На 03.10.2021 во 00,13 часот во СВР Скопје Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на 02.10.2021 околу 23.56 часот во дворно место од куќа во негова сопственост на подрачје на Чаир непознат сторител фрлил експлозивна направа која предизвикала оштетување на ограда, врата, прозорци и фасада на куќата. Нема повредени лица. Известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Претходно Габриел Бајрам неколкупати пријавувал во полиција дека имал закани по телефон или на социјални мрежи. Се испитува дали заканите се поврзани со бомбашкиот напад.

Габриел Бајрам е на советничката листа на СДСМ за град Скопје на претстојните локални избори.