Видеото со фрлачот на сол од камион на улиците во Тетово стекна слава во Швајцарија благодарејќи на написот во онлајн изданието на дневниот весник на германски јазик „Блик“.
„Лежерен, лесен, релаксиран – овој работник во Македонија покажува колку може работата во зима да биде потполно без стрес. Тој попрскува сол на патот покриен со снег, лабаво и ронливо, како другите што ја посолуваат својата супа.
Ефективноста на неговото исклучително лежерно распоредување може да биде контроверзна. Но, овој македонски уличен соленичар не страда од исцрпеност. На секои неколку метри тој случајно посипува неколку зрнца сол на улицата прекриена со снег и се чини дека не се грижи за ефикасноста“, се потсмева „Блик“ за „подвигот“ на локалните власти во Тетово.





