Македонија и оваа година е рангирана во групата на „делумно слободни“ држави, какви што се 54 во светот, покрај 84 слободни и 57 неслободни, според најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2023“.
Македонија има годишен индекс на слободата од 68 – од можни 100 поени – што е еден индексен поен повеќе од лани.
Во истата група се и повеќето земји во регионот, при што Србија бележи пад и има 60 поени, исто колку и Косово кое, пак, има напредок од четири поени. Албанија и Црна Гора имаат оценка 67, Бугарија 79, Хрватска, 84 и Грција 86, пренесува Независен.
Во однос на демократскиот статус конкретно Македонија е рангирана во групата на држави во транзиција или хибриден режим, нешто што исто така се провлекува во нашите оценки од „Фридом Хаус“. реално од 2017 година, јкога Македонија го допре дното со 57 поени напредува редовно, но многу малку, со по еден поен годишно.
Највисок индекс на слободи „Фридом хаус“ во најновиот извештај забележува дека глобалната слобода се намалува 17-та година по ред.
Руската инвазија доведе до катастрофални нарушувања на човековите права во Украина, а новите преврати и други обиди за поткопување на избраните власти ги дестабилизираа Буркина Фасо, Тунис, Перу и Бразил, оценува организацијата.
Земји со најголеми слободи во светот се Шведска, Норвешка и Финска со маскимални 100 поени, САД имаат 83, Русија 16, Кина 9, а Украина 50.
Најмалку слободни држави се Северна Кореја со три и Сирија со еден поен.







