Продолжува судскиот процес по тужбата за клевета против поранешниот претседател на Собранието на РМ, Стојан Андов, што ја поднесе професорот Љубомир Фрчкоски, но и за тоа дали ќе биде забранета книгата на Андов „До атентатот и по него“ која е и причина за тужбата.



Професорот Фрчкоски ја поднесе тужбата за клевета неколку месеци по објавувањето на книгата, бидејќи, според него, во книгата се содржани клевети, што имплицираат вмешаност на Фрчковски како тогашен министер за внатрешни во атентатот врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Кратко потоа, Основниот суд Скопје-2 донесе времена мерка за забрана на продажбата на книгата, но Апелациониот суд ја укина времената мерка на Судот.

Адвокатот на Андов, Звонко Давидовиќ, тогаш изјави дека одлуката на првостепениот суд да ја забрани книгата е прејудицирање на пресудата. Тој објасни дека Фрчкоски не е наклеветен, бидејќи, како што изјави, Андов пишувал за пропустите во истрагата во тоа време, а тврдењето, о поткрепува со факти и со дадени изјави.(Пресинг.ТВ)