Фрчкоски три дена молчи за предлогот на Зеколи

Аналитичарот Арсим Зеколи јавно пред три дена го повика професорот Љубомир Фрчкоски да излезе на дебата со експертите кои говореа за Законот за јавно обвинителство а кој тој ги навреди нарекувајќи ги проститутки.



“А Фрчолитико да излезе на тв дебата со “експертските дрољи” наместо со Алберт? Па јавноста да суди кој е што”, напиша Зеколи иронично нарекувајќи го професорот со име кое наведува на таканаречениот новинар Саше Политико со што најверојатно сака да стави равенство меѓу начинот на кој комуницираат во јавноста двајцата.

Фрчкоски досега не реагираше јавно на фрлената ракавица од Зеколи.