Високи владини извори за провладината телевизија 24 Вести тврдат дека еден од најсериозните кандидати за иден амбасадор во САД е професорот Љубомир Фрчкоски, кој и претходно се спомнуваше како кандидат за оваа позиција.
Од МНР од каде 2 години не беше испратен амбасадор во САД денеска нема одговор на прашањето на ТВ24 за името на кандидатот за амбасадор во САД, а неофицијални извори од министерството објаснуваат дека пред добивањето на агреман од владата не смеат да објават ниту една позиција.
Професорот Фрчкоски кој е еден од најжестоките бранители на власта на Зоран Заев за телевизијата вели дека нема коментар на оваа тема.
Целата информација на овој ЛИНК






