Фрчкоски: БЕСА атакува на македонскиот идентитет

Откако БЕСА се закани дека нема да гласа за уставните измени доколку во делот на државјанството не се избрише терминот „македонско“ реагира професорот Љубомир Фрчкоски.



Доколку не создава терен за да го прикаже Заев за голем победник кога ќе ги одбие барањата на БЕСА, Фрчкоски тврди дека Касами атакува на идентитетот на Македонците.

Негирањето на терминот „македонски“, според Фрчковски не е наивна работа, објави телевизијата Телма.

„Негирањето на етничкиот термин „македонски“, доаѓа од делот на Албанците од БЕСА. Тоа скандал и безобразлук и напад на идентитетот на Македонците. Терминот „македонски“ е една од главните придобивки на Преспанскиот договор”, вели Фрчковски.