Обидувајќи се да ја разгори страста во таборот кој се залага за успех на референдумот и да му даде поддршка на премиерот Заев, професорот Љубомир Фрчковски всушност го стави во тешка ситуација.
Во околности во кои според засега тајните партиски анкети максимална бројка на гласачи на референдумот е нешто над 750 илјади, Фрчкоски во својата најнова колумна зборува за над 900 илјади и 460 илјади кои би гласале “За” како предуслов Заев да прогласи триумф.
Откако предходно Заев зборуваше за успешен референдум и со помал број гласачи од цензусот Фрчкоски практично му порача на премиерот да го почитува законот и ако сака да триумфира да извади на улица 900 илјади луѓе.
Се под оваа бројка и под 460 илјади поддржувачи на владата не е причина за радост кај Заев и СДСМ, индиректно посочува Фрчкоски.
“Секако бенефитите од победата на референдум се исто така политички големи: решавањето на спорот нема да се врзе како одговорност само за една политичка елита туку ќе има „потврда од народот“ со сеопшто прифаќање на решението и тоа ќе биде секако повтемелено и понеспорно.
Победата во можноста да се покрене цензус од 900.000 народ со 460.000 позитивен одговор – ќе зборува триумфално за политичката елита на СДСМ и траорно за ДПМНЕ и противниците.
Можноста за притисок кон девастираната група пратеници на ДПМНЕ во Парламентот по референдумот од СДСМ и меѓународната заедница енормо ќе се зголеми за добивање на дво-третинско мнозинство за промена на Уставот согласно Договорот.
Веројатно ако оваа операција тргне антагонистички со судир во тој правец и СДСМ победи со позитивен референдум – ќе ги дозаколат на предвремени избори на крајот заокружувајќи го тој дпмневски Ватерло!”, пишува Фрчкоски во колумната за порталот Либертас.мк.





